DiscoverEU
Кругот за пријавување моментално е завршен. Има двa круга на пријавување годишно, еден на пролет и еден на есен. Следи ја оваа страница за да можеш да се пријавиш во следниот круг!
Имаш 18 години и живееш во земја членка на ЕУ или трета земја поврзана со Еразмус+? Подготви се да ја истражиш Европа!
Што претставува DiscoverEU?
DiscoverEU е иницијатива од програмата Еразмус+ која што ти нуди можност да ја истражиш разновидноста на Европа, да научиш за нејзиното културно наследство и историја, и да се поврзеш со луѓе од целиот континент.
Ќе ти биде понудена патна пропусница за патувања главно со воз. За оние кои живеат на островите или во оддалечените области, одговорите на прашањата се наведени во одделот - правила.
Избраните патници, ќе добијат Европска младинска картичка од DiscoverEU , со која ќе имаат голем број на попусти за културни содржини, едукативни и спортски активности, локален превоз, сместување и храна.
Како функционира програмата?
За да можеш да учествуваш мора да ги исполнуваш следните услови:
- да имаш 18 години на денот на првиот ден на периодот за патување;
- да го внесеш точниот број на лична карта, пасош или број на дозвола на легален престој во онлајн формуларот за пријавување;
- да си државјанин или да имаш легален престој * во една од следните земји:
- една од земјите членки на ЕУ вклучително и прекуморските земји и територии или
- трети земји кои се поврзани со програмата Еразмус+: Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција;
* За повеќе информации види во Правила, одделот 2 „Услови за учество на кандидатите/ките”
Потоа треба да учествуваш во квиз (освен во случаите ако се пријавуваш како член на група).
Имај во предвид дека ако имаш инвалидитет или здравствен проблем кој што ќе ти го отежнува патувањето, ќе ја добиеш потребната помош и поддршка. Види ги Најчесто поставуваните прашања Ц.13 за повеќе информации.
Дали можам да патувам со моите пријатели?
Да, секако дека можеш! Можеш да патуваш самостојно или да приклучиш до максимум 4 пријатели во твојата група, само ако и тие ги исполнуваат горенаведените услови за учество. Тие може да се пријават со твојот код на пријавата. Види ги одговорите во одделот Најчесто поставувани прашања од Б.5 до Б.11 за повеќе информации.
Истотака можеш да испланираш заеднички патувања со други млади патници кои учествуваат во иницијативата DiscoverEU! Добро место за да ги пронајдеш е групата DiscoverEU на фејсбук . Придружи и се на групата и позборувај со останатите учесници.
Откако ќе бидеш избран/а, националните агенции на Еразмус+ ќе ти помогнат за организирање на состаноци како би се запознал/а со другите патници за да се подготвите за патувањето.
Сподели ги своите доживувања
Избраните кандидати автоматски стануваат DiscoverEU Амбасадори. Како амбасадор, ќе те поканиме да ги споделиш своите доживувања од патувањето на социјалните мрежи преку ознаката #DiscoverEU. Можеш дури да направиш и презентација во твоето училиште или локална заедница.
Сакам да дознаам повеќе!
Те интересираат претходните кругови на пријавување? Погледни ги информативните листови за DiscoverEU за да дознаеш повеќе за иницијативата и искуствата на наште млади патници стекнати со DiscoverEU.
Европа чека на тебе да ја изтражиш. Направи го првиот чекор.
Инспиративно TedX видео од Винсент-Имануел Хер